САД: Полицијата апси, универзитите суспендираат студенти, но продолжуваат протестите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Митинзи за поддршка на Палестинците беа организирани на повеќе од 20 универзитетски кампуси во САД и покрај заканите од универзитетските власти да ги суспендираат од наставата.

Loading...

Полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги разбие протестите на Универзитетот во Тексас, а најмалку 40 студенти беа уапсени.

Некои студенти дале отпор при апсењето и морале да бидат влечени од полицијата, а други извикувале „срамота“ и го полиле со вода полицискиот автобус.

Судири меѓу полицијата и активистите се случуваат на колеџи низ САД каде студентите бараат Израел да ја прекине војната против Хамас во Појасот Газа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Околу 500 луѓе останаа без покрив над главата во пожар во зграда кај Варшава

Студентите вклучени во демонстрациите ги повикуваат универзитетите и американската влада да ги прекинат врските со израелските власти и војската.

Повеќе од 800 демонстранти се уапсени во американските кампуси од 18 април, вклучително и повеќе од 200 на четири универзитети во саботата, според Њујорк тајмс.

Универзитетот Колумбија почна да ги суспендира студентите кои учествуваа во протестите по истекот на рокот во понеделникот да го напуштат кампусот во Њујорк.

Студентите одбиваат да го напуштат импровизираниот камп во кој има десетици шатори.

Loading...

Белата куќа осуди дел од реториката слушната за време на протестите, обвинувајќи ги активистите дека извикувале антисемитски слогани и ги заплашувале еврејските студенти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пентагон испраќа маринци во Флорида: Ќе помагаат во акциите против нелегалните мигранти

„Овие опасни, ужасни изјави го вртат стомакот и треба да послужат како повик за будење. Страшно е да се залага за убивање Евреи“, изјави заменик-секретарот за печат на Белата куќа, Ендрју Бејтс, пренесува RT Balkan.