САД планираат да воведат нови санкции против Русија и Кина

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, кои ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата на ирански дронови во војната против Украина, изјавија двајца американски претставници.

Loading...

Според нив, санкциите ќе ја погодат Кина поради, како што тврди Вашингтон, нелегален риболов на Пацификот, додека расте загриженоста за евентуалниот кинески прекумерен риболов и проширувањето на кинеското влијание на море.

Повеќето од санкциите, според Wall Street Journal, ќе бидат наметнати според таканаречениот глобален „Magnitsky Act“ од 2016 година, кој ѝ дозволува на американската влада да воведе санкции за странски владини претставници за кои се смета дека ги кршат човековите права, замрзнувајќи ги нивните средства и забрана за влез во државата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите со крстосувачки ракети од бомбардери го напднаа Киев

Соединетите Американски Држави го осудија извозот на ирански воени дронови во Русија, која ги користи во својата војна против Украина, а санкциите се очекува да погодат некои вклучени во руската воена индустрија и поврзани со снабдувањето со ирански дронови за Русија, изјавија официјални лица.