САД одобрија продажба на ракетни системи на Албанија

Сподели со своите пријатели

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на два ракетни артилериски системи M142 HIMARS на Албанија, заедно со комплетен пакет што вклучува обука, одржување и муниција.

Информацијата денес ја објави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Албанија, Арбен Кингџи.

Кингџи на Фејсбук изјави дека купувањето ќе биде финансирано со заем во рамките на програмата за финансирање на војската на САД.

„Ова е важен чекор во продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу Албанија и Соединетите Американски Држави. Тоа ќе придонесе за зајакнување на одбранбените капацитети на нашата земја и исполнување на обврските во рамките на НАТО алијансата“, рече Кингџи, пренесува Косово Онлајн.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нуклеарниот куфер со Путин во Кина: Силна порака од Москва пред средбата со Трамп и Си (ВИДЕО)