САД најавија нов пакет воена помош за Украина во вредност од 125 милиони долари, кој ќе вклучува ракети Стингер, артилериска муниција и противтенковски системи.
Loading...
Воената помош ќе биде 10-та транша опрема за Украина откако американскиот претседател Џозеф Бајден го потпиша амандманот за националната безбедност во април, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби, а пренесува Ројтерс.
Почнувајќи од август 2021 година, САД испратија 20 пакети помош за Украина преку УСАИ и 62 транши опрема обезбедена од залихите на Министерството за одбрана.