Руте: Нема индиции за прием на Украина во Алијансата

Сподели со своите пријатели

Во моментов, нема индиции за приклучување на Украина кон Северноатлантската алијанса, бидејќи нема едногласна поддршка за тоа од сите земји-членки, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

„Во моментов не постои едногласна поддршка, а таа е неопходна за полноправно членство. Соединетите Американски Држави, како и Германија и другите членки на НАТО, се спротивставуваат на приемот на Украина, па затоа во моментов нема изгледи за нејзино пристапување“, истакна Руте.

Во мај, поранешниот шеф на НАТО, Андерс Фог Расмусен, предложи прием на Украина во Алијансата, по моделот применет во Западна Германија во 1955 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Тоа може да ја запре војната“: Зеленски бара од САД лиценца за ракетите „Патриот“

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека потенцијалното влегување на Украина во НАТО би претставувало закана за безбедноста на Русија.

Тој додаде дека токму оваа закана е една од причините за започнување на Специјалната воена операција.

Руските власти постојано изразуваат загриженост за воено-политичкото јакнење на силите на блокот во Европа.

Кремљ објави дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да ги игнорира дејствијата што се потенцијално опасни за нејзините интереси, пренесува Танјуг.