Руте му испрати порака на Путин: Не си играјте со нас!

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте вели дека нема омекнување на реториката во врска со руската закана, иако пред две години на самитот во Вашингтон, Русија беше опишана како најзначајна и директна закана за безбедноста на сојузниците, а сега нацрт-заедничката изјава ја дефинира само како долгорочна закана.

„Очекувам дека денес повторно колективно ќе признаеме дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО“, рече Руте.

Кога беше прашан каква е неговата порака до рускиот претседател Владимир Путин, Руте рече дека НАТО е одбранбена организација која никогаш нема да нападне никого.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мерц: Русија нема шанси за победа

„Ние ќе го браниме нашиот начин на живот, нашите демократии, нашата територија. Затоа, не си играјте со нас“, рече Руте.

Генералниот секретар, исто така, ги бранеше вечервашните напади на САД врз Иран.

„Мислам дека тие напади беа апсолутно неопходни, бидејќи кога имате прекин на огнот, а Иран во основа го крши прекинот на огнот, и гледаме што се случи вчера со нападите врз бродовите, мислам дека е апсолутно клучно САД силно да реагираат“, рече Руте.

Во вторник, по пристигнувањето на самитот на НАТО во Анкара, Трамп рече дека Соединетите Американски Држави треба да го контролираат Гренланд, полуавтономна територија на Данска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците со дронови нападнаа танкери за нафта од руската флота во сенка (ВИДЕО)

Тој исто така рече дека е разочаран од сојузниците затоа што не се однесувале добро кон САД во војната против Иран.

Трамп дури рече дека можеби нема да дојде на самитот ако организаторот не беше неговиот пријател, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Руте рече дека Европа е „голема платформа за проекција на моќта на Соединетите Американски Држави“, дека е во американски интерес да се спречи, на пример, руските нуклеарни подморници да завршат на бреговите на Соединетите Американски Држави.

„САД, за да останат безбедни, мора да го обезбедат Атлантикот, Европа и Арктикот“, рече Руте.