Рускиот патријарх Кирил повика на Божиќно примирје

Сподели со своите пријатели

Патријархот московски и на цела Русија Кирил повика на Божиќно примирје, се вели во апелот објавен на веб-страницата на Руската православна црква, пренесува руската РИА.

Loading...

– Апелирам до сите инволвирани страни во меѓусебниот конфликт со повик за прекин на огнот од 12:00 часот на 6 јануари до полноќ на 7 јануари, за православните да можат да присуствуваат на богослужбите на Бадник и на денот на Христовото раѓање. – рече Кирил.

На крајот на декември, поглаварот на Руската православна црква изјави дека влегувањето на Русија во „непријателства“ во Донбас е резултат на фактот што нејзините мировни напори биле саботирани од властите во Киев и западните земји.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

Тој изјави дека тоа што се случува го доживува со длабока болка, но истакна дека за избувнувањето на конфликтот првенствено се одговорни оние кои „зацртале цел да го уништат единството на Света Русија, единството на нашиот народ и нашата вера“.

Од почетокот на војната тој застана на страна на Путин и даде неколку луди изјави.

Во септември тој на миса изјави дека „жртвувањето за исполнување на воената должност чисти од сите гревови“, мислејќи на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација.

– Црквата разбира дека ако некој, водејќи се од чувството за должност и силата на заклетвата што ја дал, умре додека ја извршува својата воена должност, тогаш тој без никакво сомневање прави дело што е еднакво на жртва. Се жртвува за другите – рече Кирил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендиран рускиот свештеник кој одржа комеморација за Навални

Тој додаде дека верува дека таквата жртва чисти од сите гревови и дека црквата се моли за оние кои ќе загинат во „челустите на смртоносната борба“, како што ја опиша војната во Украина.

Loading...