Рускиот државен обвинител побара 18 години затвор за Гершковиќ

Сподели со своите пријатели

Рускиот државен обвинител побара 18 години затвор за американскиот новинар на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович, кој е осомничен за шпионажа, соопшти денеска прес-службата на регионалниот суд.

Loading...

Како што јави агенцијата РИА Новости, обвинителството побарало строга затворска казна за ова време.

Гершкович во четвртокот се појави пред рускиот суд на сослушување за обвиненијата за шпионажа.

Судењето се одржа зад затворени врати во Екатеринбург, град на планината Урал каде што беше приведен 32-годишниот новинар, пренесува АП.

Рочиштето во судскиот процес наместо да се одржи на 13 август е поместено за вчера, а одлуката за поместување на датумот е донесена по барање на одбраната на Гершкович.

Новинарот се соочува со обвиненија за шпионажа, а Гершкович, Волстрит журнал и владата на САД ги нарекоа обвиненијата лажни и политички мотивирани.

Според руското обвинителство, Гершкович е обвинет дека, по инструкции на ЦИА, собрал „тајни информации во регионот Свердловск за активностите на одбранбената фабрика НПК Уралвагонзавод АД за производство и поправка на воена опрема“ во март 2023 година.

На 30 март 2023 година, руската ФСБ објави дека Гершкович бил уапсен во Екатеринбург под сомнение за шпионажа за американската влада, што го прави првиот американски новинар кој бил уапсен во Русија под обвинение за шпионажа од крајот на Студената војна.

Loading...