Руски суд го прогласи ЛГБТ движењето за „екстремистичко“

Сподели со своите пријатели

Рускиот Врховен суд пресуди дека ЛГБТ движењето е „екстремистичко“, а потегот, според предупредувањата на организациите за човекови права, ќе ѝ овозможи на Русија да изврши уште поголем притисок врз хомосексуалците и трансродовите лица.

Loading...

На 17 ноември руското Министерство за правда побара од Врховниот суд на земјата да прогласи, како што вели, „меѓународно ЛГБТ социјално движење“ – „екстремистичка“ организација, која влева страв во ЛГБТ заедницата, пишува на англиски Радио Слободна Европа (РСЕ).

Во соопштението за објавување на тужбата, Министерството рече дека властите идентификувале „знаци и манифестации од екстремистичка природа“ во „активностите на ЛГБТ движењето“ во Русија, вклучително и „поттикнување социјален и верски раздор“.

По сослушувањето зад затворени врати, Врховниот суд на 30 ноември објави дека го одобрил барањето на Министерството да го означи „меѓународното социјално движење ЛГБТ“ како екстремистичко, забранувајќи ги неговите активности во Русија.

Руските организации за човекови права побараа од Врховниот суд да го одбие барањето, предупредувајќи дека „невозможно е да се нарече група луѓе „социјално движење“ само затоа што ги обединуваат некои лични карактеристики“.

Најдрастичниот чекор во сузбивање на правата на ЛГБТ

Овој потег го претставува најновиот и најдрастичен чекор во децениското задушување на правата на ЛБГТ во Русија, започнато во времето на претседателот Владимир Путин, кој ги направи „традиционалните семејни вредности“ во основата на неговото владеење.

Некои ЛГБТ активисти стравуваат дека екстремистичката етикета ќе биде насочена кон кој било член на заедницата, без оглед на нивната вклученост во ЛГБТ организациите.

Игор Кочетков, активист кој ја предводи организацијата наречена Руска ЛГБТ мрежа, претходно изјави дека ЛГБТ организациите ќе бидат принудени да се затворат, да одат во илегала или да работат од странство доколку Судот се согласи со Министерството за правда.

Loading...

„Законската активност на ЛГБТ организациите и иницијативите во Русија ќе стане невозможна“, рече тој во објавата на Телеграм на 17 ноември, денот кога руското Министерство го поднесе својот случај до Врховниот суд.

Според рускиот закон за екстремизам, кој беше усвоен во 2002 година, секоја назначена организација е практично забранета, а оваа мерка беше изменета и заострена со текот на годините.

Други групи кои се сметаат за екстремистички се Фондацијата за борба против корупцијата на Алексеј Навални, Јеховините сведоци и од неодамна Мета, компанијата-мајка на Фејсбук.

Укинувањето на правата на ЛГБТ луѓето во Русија започна пред една деценија.

Во 2013 година, Кремљ го донесе првиот закон за ограничување на правата на ЛГБТ, познат како закон за „геј пропаганда“, забранувајќи секакво јавно прикажување на „нетрадиционални сексуални односи“ меѓу малолетниците.

Во 2020 година, Путин изврши уставна реформа за да го продолжи своето владеење за уште два мандати, со што исто така се забрануваат истополови бракови.

По започнувањето на инвазијата на Украина во 2022 година, Кремљ ја засили својата реторика за заштита на „традиционалните вредности“ од, како што го нарече „понижувачко“ влијание на Западот.

Во истата година, властите донесоа закон со кој се забранува пропаганда на „нетрадиционални сексуални односи“ меѓу возрасни.

Loading...

Друг закон донесен во 2023 година забранува медицинска промена на полот, како и промена на пол во документите и јавните записи.

Исто така, беше изменет и Семејниот законик на Русија, кој ја наведува промената на полот како причина за поништување на бракот и им забранува на оние кои го промениле полот да станат згрижувачки родители или посвоители.