Руски министер за одбрана: Целта на договорот со Северна Кореја е да се намали ризикот од нова војна во регионот

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов изјави денеска дека сеопфатниот договор за стратешко партнерство меѓу Руската Федерација и Северна Кореја има за цел да го намали ризикот од нова војна во североисточна Азија.

Loading...

Белоусов, за време на разговорот со севернокорејскиот министер за одбрана Нох Гванг Чол во Пјонгјанг, рече дека договорот што неодамна стапи на сила има стабилизирачка улога во североисточна Азија и дава позитивен придонес за одржување на рамнотежата на силите во регионот, пренесува РИА Новости.

Тој зборуваше за соработката со Северна Кореја во воената сфера и посочи дека доверливите контакти меѓу лидерите на двете земји Владимир Путин и Ким Џонг-ун играат клучна улога во зајакнувањето на руско-севернокорејските односи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стапи на сила воениот договор меѓу Русија и Северна Кореја: Една од неговите ставки е особено загрижувачка

Според него, резултатите од средбата меѓу Путин и Ким Џонг-ун во Пјонгјанг во јуни покажале највисоко ниво на меѓусебна доверба, како и заемна желба за натамошно проширување на заемно корисната соработка во тешка меѓународна ситуација.

Тој му честиташе на својот колега за назначувањето за шеф на воениот оддел, што се одржа во октомври.

„Мило ми е што ве запознав лично и сакам да ви се заблагодарам за поканата да го посетам Пјонгјанг и за покажаното гостопримство“, рече Белоусов.

Рускиот министер за одбрана денеска пристигна во Северна Кореја во официјална посета на таа земја, соопшти руското Министерство за одбрана.

„За време на официјалната посета на рускиот министер за одбрана на Демократска Народна Република Кореја, планирани се серија билатерални средби со претставници на военото и воено-политичкото раководство на републиката“, се наведува во соопштението, пренесе ТАСС претходно.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров во прва посета на ЕУ од почетокот на инвазијата: Пристигна со авион кој е забранет!

На меѓународниот аеродром Сунан, кој се наоѓа во предградието на Пјонгјанг, беше одржана официјална церемонија за пречек на руската делегација со учество на четата на почесната гарда на Корејската народна армија.

Белоусов на аеродромот го пречека министерот за одбрана на КНДР, армискиот генерал Но Гванг Чол, наведува руската агенција.