Руската ПВО соборила 45 украински дронови над пет региони, 11 над Москва

Сподели со своите пријатели

Руските противвоздушни сили синоќа уништиле 45 украински беспилотни летала, од кои 11 над московскиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана.

Loading...

Забележано е дека уште 23 биле соборени над регионот Брјанск, шест уреди се уништени над регионот Белгород, три над регионот Калушка и два над регионот Курск, пренесува РИА Новости.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, претходно објави дека тоа е еден од најголемите обиди за напад на руската престолнина со беспилотни летала досега.

Гувернерот на руската област Брјанск, Александар Богомаз, претходно утринава објави дека во рок од еден час над тој регион биле соборени седум дронови.

Богомаз додаде дека нема жртви или уништување Украина се обидува да користи беспилотни летала за да нападне цели во пограничните и централните региони на Русија.