Русија нуди милион рубљи за помош за апсење на командантите на Азов (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Русија нуди еден милион рубљи (околу 14.000 евра) за помош за апсење на командантите на украинскиот екстремистички баталјон Азов, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи во Москва.

Loading...

– Наградата од еден милион рубљи е за помош при апсење на командантот на украинскиот екстремистички баталјон Азов обвинет за мачење и убивање руски војници, соопшти денеска прес-центарот на Министерството.

Во соопштението се прецизира дека наградата е понудена за помош при апсењето на командантите на баталјонот Азов Константин Немичев и Сергеј Величко. Се наведува дека во текот на прелиминарната истрага било утврдено дека тие мачеле руски војници и ги убиле „со особена суровост“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

Се потсетува дека Немичев и Величко беа ставени на меѓународна потерница, а во нивно отсуство беше одредена мерка притвор.

Тие беа ставени и на руската федерална листа на „десет особено опасни барани криминалци“.