„Русија нема намера да влезе во конфликт со НАТО или нејзините членки“

Сподели со своите пријатели

Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко денеска изјави дека Русија нема намера да влегува во воен конфликт со НАТО или со земјите членки на Алијансата.

Loading...

„Дали тој воен блок е подготвен за отворен конфликт со Русија? Мора да ги прашаме членките на НАТО. Во секој случај, немаме такви намери во однос на земјите-членки на алијансата“, изјави Грушко во интервју за РИА Новости.

Во претходните години, Русија се жалеше на присуството на НАТО во близина на нејзините западни граници, додека алијансата нејзиното проширување го објаснува како „одвраќање на руската агресија“.

Кремљ тврди дека Русија не е закана за никого, но дека не ги игнорира потенцијалните закани за нејзините интереси.

Денеска е вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО во Брисел пред 75-годишнината од таа алијанса, каде што беа најавени разговори за преземање на координацијата за испорака на оружје за Украина, која во моментов ја предводат САД.

За денеска е најавен и состанок на Советот НАТО-Украина.