Русија ја укинува горната старосна граница за служење воен рок

Сподели со своите пријатели

Руската Државна Дума денеска усвои предлог-закон за укинување на горната старосна граница за склучување на првиот договор за воена служба.

Loading...

Во образложението се наведува дека законот сега предвидува првиот договор за воена служба да можат да го склучат државјани на возраст од 18 до 40 години и странски државјани на возраст од 18 до 30 години, пренесува РИА Новости.

 

ОН: Околу еден милион авганистански деца се неухранети

 

Се наведува и дека за употреба на оружје со висока прецизност, ракување со оружје и воена опрема се потребни високопрофесионални специјалисти, а искуството покажува дека тие стануваат такви до 40-45 години.

Предлог-законот беше поднесен на 20 мај од пратениците на Единствена Русија Андреј Картаполов и Андреј Крашков.