Русија го казни Гугл со 4 милиони рубљи (38.000 фунти / 50.000 долари) затоа што не ги избришала, како што велат, „лажните“ информации за, како што ја нарекува, специјалната воена операција во Украина.
Loading...
Ројтерс ја цитира веста на ТАСС во која се вели дека руската комуникациска служба Роскомнадзор претходно овој месец соопшти дека презема чекори да го казни Гугл за „ширење лажни вести“ на Јутјуб и претходно ја предупреди американската компанија дека ќе биде казнета.