РТВ Дукаѓини објави телефонски разговор на Ндрецај со наводен агент на УБК (видео)

Сподели со своите пријатели

На косовската Радио и телевизија Дукаѓини, објавен е дел од телефонски разговор наводно воден помеѓу Мирсад Ндрецај алијас Командант Нато и Бег Ризај со наводен агент на УБК кој се спомнува во текот на телефонскиот разговор.

Loading...

На снимката, се слуша како Ндрецај зборува со некого за кого редакцијата вели дека го знае името, кој само е споменат како агент ДСК, односно агент на тајните служби.

Во разговорот, на прашање каде сте, Ндрецај вели саркастично дека се во Липково, со што започнува смеа и тука се договара средба на кафе во Приштина.

Во текот на разговорот, исто така се споменува и Стојанче Ангелов за кого се вели дека и покрај тоа што Мијалков го терал да пука на негова страна, тој пукал лево.

Автентичноста на разговорот не е потврдена.

Мирсад Ндрецај и Бег Ризај беа убиени во акција на МВР на 9 мај.

Разговор 1

Мирсад: Како сте?

Loading...

Агентот: Добро, вие како сте, еве гледам фудбал, Реал. Семејството како е?

Мирсад: Добро, сите, вие како сте?

Агентот: Добро.

Мирсад: Дали сум ви недостигал?.

Агентот: Да, море, како не.

Мирсад: Го загубив бројот бидејќи ми се пуштија од УДБ – а.

Агентот: Која УДБ – а?Мирсад: Од цел свет.Агентот: Е.. му мајка на УДБ – а.

Мирсад: Бег вели дека не сум му ја е… никогаш.

Loading...

Агентот: Каде сте?

Мирсад: Среде Липково.

Агентот: Што зборуваш бре! Во Липково.

Мирсад: Да, да, ние ги …. вашите служби.

Агентот: Знам јас, поради тоа сум ве побарал.

Мирсад: Ех, море човеку…

Мирсад Ндрецај и лицето за кој се претпоставува дека е агент потоа разговараат за една реакција која што Мирсад ја објавил на Фејсбук по инцидентот во Липково. Поранешниот припадник на ОНА напишал на социјалната мрежа дека нападот врз граничниот пункт го организирале најдобрите момци на ОНА.

Разговор 2

Loading...

Мирсад: Има ли нешто ново?

Агент: Нема ништо богами. Има доста ново.

Мирсад: Да, а?

Агентот: Ти пратив порака, но тој број не ти чини. Ја видов синоќа реакцијата…

Мирсад: Не, не видов. Која?

Агентот: Таа што си ја напишал на Фејсбук. Дека ОНА ја заземала базата.

Loading...

Мирсад: Дали ти се допадна?

Агентот: Многу добро, многу добро.

За време на разговорот Мирсад почнува да го обвинува поранешниот раководител на УБК на Македонија, Сашо Мијалков за деконспирација.

Разговор 3

Мирсад: Сашо го прави тоа. Сашо го тера овој Ангелов, тој Ангелов секогаш гаѓал криво. Никогаш не можел право.

Loading...

На крајот на разговорот тие бараат од агентот да дојде во Приштина, но откако го исклучија телефонот, со закана зборуваат дека доколку дојде ќе ги расчистат сметките со него.

Мирсад: Ајде, ќе се слушнеме…

Агентот: Утре јас ќе наминам таму, имам работа во Урошевац. Ќе бидам со сопругата и ќерката, па ако бидете во Приштина или каде сте?

Мирсад: Во Приштина сме…

Агентот: Е па ќе ти ѕвонам јас утре…

Loading...

Мирсад: Да.

Агентот: Па ќе пиеме кафе некаде.

Мирсад: Добро, ајде ќе се видиме во Приштина. Агентот: Поздрави го Бег.

Мирсад: И тој те поздравува. Ајде, дојди ти во Приштина…