Резников: Русија подготвува нова мобилизација за почетокот на јануари

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска изјави дека постои можност Русија да подготвува нова мобилизација, и дека во рок од една недела би можела да ги затвори границите за мажи.

Loading...

Како што пренесува Гардијан, Резников и се обратил на руската јавност преку видео порака на руски јазик и ги предупредил оние кои може да бидат мобилизирани.

Знам дека имате уште една недела пред да останете без избор“, се вели во пораката и додава дека руските власти „ќе ги затворат границите за мажите на почетокот на јануари и ќе започнат нов бран на мобилизација“.

Тој изјави и дека границите ќе бидат затворени и во Белорусија, како и дека жителите на градовите ќе бидат под посебен ризик од мобилизација.

Претходно шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов за Би-Би-Си изјави дека Русија ќе започне со мобилизација на 5 јануари.