Научниците конечно утврдиле поради што бојата на крзното кај пандите е црно-бела.
Со оглед на фактот дека пандите немаат зимски сон, како нивните роднини мечки, научниците ја отвфрлаат тезата дека бојата на ркзното им помага да ја регулираат телесната температура.
ЗОШТО ЛАЖЕМЕ? Експертите одговараат на прашањето за оваа човечка потреба!
Истражувачите велат дека белите делови на крзното служат за камуфлажа во снежни предели, додека потемните помагаат да се сокријат во шуми.
Дамките пак околу очите треба да им помогнат да ги препознаваат пријателите и да ги избркаат конкурентите.
Раководителот на истражувањето, Тим Каро истакнал дека бојата на крзното на пандата е долгогодишен проблем во биологијата со кој било тешко да се занимава, затоа што практично нема друг цицач кој така изгледа.
Зошто и колку „Амазон“ им плаќа на работниците да дадат отказ?
Заклучокот настанал кога истражувачите го проучувале независно секој дел од телото на пандата.