Реконструирани тоалетите во ООУ „Вук Караџиќ“

Сподели со своите пријатели

Заврши реконструкција на тоалетите во кумановското основно училиште „Вук Караџиќ“ во Куманово, информираа денеска надлежните.

Loading...

Средствата за реконструкцијата на санитарните јазли се обезбедени од општина Куманово. Наскоро ќе биде реконструиран влезот во училишниот двор.

– Очекуваме да се подобри хигиената за учениците од вториот кат на училиштето, а наскоро очекуваме и реализација на проектот за реконструкција на влезната врата од училишниот двор. Континуирано се работи за подобрување на условите за учениците. Претходно потпишан е договор со МОН за реконструкција на училишната фасада и очекуваме да почне реализацијата на проектот-изјави в.д. директорот на „Вук Караџиќ“, Ивица Ѓоргиевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Изминатиов период општината постави и современо спортско игралиште заедничко за основците од „Вук Караџиќ“ и соседното „Наим Фрашери“, а изградени се и пристапна рампа и тоалет за учениците со попреченост.

Училиштето е изградено во 1974-та година.