Редовните бакнежи се многу корисни за здравјето

Сподели со своите пријатели

Бакнежот обично се смета за чин на романса, сексуална блискост или благодарност. Сепак, неговите корисни ефекти врз здравјето остануваат во позадина.

Loading...

Вистината, откриена во бројни меѓународни студии, сепак, е дека слично на јаболкото, чија секојдневна консумација штити од чести средби со докторот, редовните бакнежи се исклучително корисни за доброто здравје.

Олеснување на менструалните грчеви

Размената на бакнежи предизвикува проширување на крвните садови и ослободување на ендорфин. Овие процеси резултираат со олеснување на грчеви за време на менструацијата и елиминирање на потребата за земање лекови против болки.

Тонирање на мускулите на лицето

Бакнежот се случува со помош на 34 мускули на лицето и 112 мускули со улога во одржувањето на држењето на телото. Ако редовно се бакнуваат, луѓето можат да сметаат на подобар тонус на мускулите на лицето.

Loading...

Оддржување на здравјето на срцето

Бакнежот го одржува здравјето на срцето откако предизвикува лачење на адреналин кој го тера срцевиот мускул да пумпа повеќе крв во телото. Ова ја стабилизира кардиоваскуларната активност и го намалува крвниот притисок и холестеролот.

Превенција на кариес

Бакнежот предизвикува зголемена хиперсаливација што ја мие плакта од забите и го намалува ризикот од појава на кариес.

Меѓу низата други придобивки од бакнежот се согорувањето на калории – до две калории на минута страсна размена на бакнежи, олеснување на анксиозноста и тензиите, противдејство на негативната енергија.

Бакнежот, исто така, создава чувство на добра општа состојба со намалување на нивото на стрес хормонот кортизол.

Младите на возраст од 18 до 24 години се бакнуваат во просек 11 пати неделно, а пет проценти од луѓето над 45 години – над 31 пати во неделата.

Loading...
Image by Adina Voicu from Pixabay

Негативната страна на бакнувањето е фактот што две лица разменуваат помеѓу 10 милиони и 1 милијарда бактерии.

Главните работи кои луѓето ги посочуваат како одбивни грешки на партнерот при размена на бакнежи, се лошиот здив и судирот на забите. Следи мирисот на цигарите, гласното „шлапање“ и испуканите усни.

Leave a Reply