10.09.2019 10:11

РЕЦЕПТ: Мусака со сланина за совршен ручек!


Ретко кој не сака да јаде мусака, а пред вас е одличен рецепт за верзија со сланина.

За да го подготвите ова јадење ви требаат:

loading...
  • 800 гр компири
  • 4 јајца
  • 300-400 гр мелено месо
  • 4 чешниња лук
  • 1 главица кромид
  • масло, сол, бибер
  • црвен пипер
  • по желба 200 грама сува сланина
  • 1 полна лажица павлака
  • 200 мл млеко

Подготовка:

Веднаш ставете  ја рерната на 200 степени. На масло испржете го исецканиот кромид, а потоа додадете го меленото месо и по желба малку исецкана сланина. Додадете црвен пипер, сол, бибер, исечкат лук и 1 јајце. Измешајте сè.

Подмачкајте ја тавата со масло. Излупете ги компирите и исечете ги на потенки прстени. Ставете половина компир во подмачкана тава, а потоа ставете го целото полнење месо врз неа. Ставете го и остатокот од компирот.

Изматете 3 јајца, додадете павлака и јајца, додадете млеко и измешајте, а потоа истурете ја преку мусака. Можете да ставите сланина и на врвот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments