Расте бројот на загинати: Земјотресот во Кина однесе 74 животи

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ја погоди кинеската југозападна провинција Сечуан се искачи на 74, објавија кинеските медиуми.

Loading...

Според нив, 259 лица се повредени во најсилниот земјотрес што го погодил Сечуан од 2017 година, а по 26 лица се трага.

Кинескиот центар за мрежи за земјотреси утринава во епицентарот забележа последователен потрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 12 километри.

Во меѓувреме, Кина повторно ги отвори патиштата кои водат до епицентарот на земјотресот и сообраќајот е обновен, јавува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија ја престигна Германија и стана најголемиот руски снабдувач на фармацевтски производи

Силен земјотрес го погоди Сечуан во понеделникот попладне, со епицентар длабоко во планинскиот регион во западниот дел на провинцијата.

Епицентарот бил во градот Лудинг на длабочина од 16 километри, на околу 180 километри југозападно од Ченгду, главниот град на покраината.

Земјотресот бил почувствуван и во провинциите Шанкси и Гуижоу, оддалечени стотици километри.

Според државната телевизија, во Лудинг, епицентарот на земјотресот, енергетската и водоводната инфраструктура и телекомуникациите биле сериозно оштетени.

Loading...

Се урнаа 243 куќи, 13.010 од нив се оштетени, а погодени се и четири хотели и стотина сместувачки единици.

Земјотресите не се невообичаени во Сечуан, а земјотресот од понеделник беше најголем во покраината од август 2017 година, кога земјотрес со јачина од 7 степени ја погоди префектурата Аба северно од Лудинг, јавува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали оваа земја ќе биде првата во Југоисточна Азија која ќе одобри истополови бракови?

Во последните децении, најразорниот земјотрес во Сечуан и во Кина беше во 2008 година, кога во земјотрес со јачина од 8 степени според Рихтеровата скала во Венчуан загинаа речиси 70.000 луѓе, наведува британската агенција.