Распишана потерница по братот на Алексеј Навални

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по братот на Алексеј Навални, кој почина на 16 февруари во затворската колонија „Поларните волци“.

Loading...

Потерницата по братот Олег е издадена во време кога семејството на Навални барало да им биде предадено телото на Алексеј, за да можат да го погребаат рускиот опозициски лидер.

Засега не се знае зошто е распишана потерницата по братот на Алексеј.

Да потсетиме, Олег Навални веќе се бараше во 2022 година кога беше обвинет за учество на протест во Москва поради апсењето на неговиот брат Алексеј.