Албанскиот премиер Еди Рама од Давос изрази надеж, дека, доколку Србија пред Албанија започне процес за пристапување кон Европската унија, дека двете земји можат да влезат заедно, „под претпоставка Србија да го признае Косово“.
– Тоа е процес базиран врз учинок. Србија е во предност затоа што веќе преговара, а ние се надеваме дека ќе можеме даги започнеме преговорите оваа година. Но, тоа е здрава конкуренција и ние би сакале побргу да напрадеуваме и зошто да не, во иднина да бидеме во иста положба и заедно да влеземе во ЕУ, под претпоставка Србија да го признае Косово, рекол Рама на новинарите на Светскиот економски форум.
Според неговите зборови, Европа не е во најдобра состојба, но говорот на германската канцеларка Ангела Меркел охрабрува.
Рама призна дека погрешил кога прогнозирал дека Хилари Клинтон ќе биде претседател на САД, но дека САД и натаму остануваат важен партнер на Албанија.
Албанскиот премиер наведе дека Специјалниот суд на Косово не е во опасност.