Рама: Амбиција на двете влади е да се укине границата меѓу Албанија и Косово

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави денеска дека амбиција на двете влади е да се укине границата меѓу Албанија и Косово. Изјавата беше дадена во Тирана на состанокот на владите на Албанија и Косово, јави дописничката на МИА од Тирана.

Loading...

Средбата, која е шеста по ред, се одржува под слоганот „Заедно без граници – во еден регион без граници“.

На состанокот на двете влади, Рама рече дека ќе се интензивира работата за овозможување контрола во реално време на граничните точки и „конечно отворање на границата“.

Рама рече дека пристаништето Драч ќе стане стратешко пристаниште, заедничко за двете земји.

Тој ја спомена и изградбата на пругата Тирана-Драч, додавајќи дека има обврски за развој на дигиталниот коридор Приштина-Тирана за 5Г технологија.

Рама оцени и дека договорот потпишан во Вашингтон е „настан на годината“ и за Белград и за Приштина и дека тој го отвори дијалогот меѓу двете страни со посредство на ЕУ.

На почетокот на заедничката седница на владите на Албанија и на Косово, Рама рече дека дијалогот е единствениот инструмент за постигнување паметно решение на проблемот.

– Секоја пристрасност во дијалогот ја намалува победата на Косово и ја ослабува неговата позиција и во внатрешната и во надворешната политика кон светот. Внатрешен консензус за позицијата на дијалогот е неопходност што ја сакам и се надевам дека ќе остане таков, рече Рама.

Loading...

Косовскот премиер Абдулах Хоти меѓу другото рече дека договорите меѓу двете земји имаат за цел „олеснување на животот меѓу граѓаните“ и оти во Вашингтон бил за да биде неговата земја фактор на стабилност во регионот.

Leave a Reply