Путин: Русија нема да ја нападне Европа

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека е „чиста глупост“ дека Русија ќе ја нападне Европа.

Loading...

Пред Федералното собрание се обраќа претседателот на Русија, Владимир Путин, кој во својот говор презентира визија за тоа што ја очекува Русија во следните неколку години.

„Сè што западот ќе смисли реално нè води до опасност од конфликт со употреба на нуклеарно оружје, а тоа значи уништување на цивилизацијата“, рече тој.

Коментирајќи ја изјавата на францускиот премиер Емануел Макрон дека земјите кои обезбедуваат помош за Украина не треба да ја исклучат можноста да испратат свои војници во Украина, Путин рече дека последиците за оние што ќе пристигнат на фронтот ќе бидат „трагични“.

„Се сеќаваме на судбината на оние кои ја испратија војската на територијата на нашата земја. Тие мора да разберат дека имаме оружје што може да уништи цели на нивна територија. Тоа се луѓе кои не поминале низ тешки искушенија. Заборавија што е војна, мислат дека е цртан филм“, рече Путин.