Пукање на универзитет во САД – тројца убиени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица загинаа, а двајца се ранети во пукотницата во неделата во кампусот на Универзитетот во Вирџинија во Шарлотсвил, а осомничениот, идентификуван како студент, останува во бегство, изјави денеска претседателот на универзитетот Џим Рајан.

Loading...

Кампусот сега е затворен, а полицијата трага по осомничениот, јавува CNN.

Се верува дека осомничениот Кристофер Дарнел Џонс е вооружен и опасен. Полицијата ја објави неговата слика на Твитер.

На повредените им била укажана лекарска помош. Рајан рече дека е шокиран од таквото насилство на Универзитетот во Вирџинија.

Имињата на жртвите од пукањето сѐ уште не се објавени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци