Прво јавно обраќање на јапонскиот цар по четири години

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот car Нарухито денеска првпат им се обрати на граѓаните на својот роденден откако седна на тронот пред речиси четири години, а за време на говорот, кој беше одложен поради пандемијата на коронавирусот, повика на поддршка за луѓето кои се борат со последиците од инфлацијата и пандемијата.

Loading...

„Многу луѓе имаат тешкотии во секојдневниот живот поради пандемијата и зголемените цени“, рече Нарухито.

Ова е наведено во транскриптот од прес-конференцијата, објавена на неговиот роденден, неколку часа пред да се појави на балконот на палатата пред илјадниците собрани, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека го боли кога мисли на ранливите луѓе, кои се стари, лицата со попреченост, оние на кои им треба поддршка, сиромашните и нивните деца, но истакна дека е благодарен што има многу што ги поддржуваат членовите на ранливите групи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Јапонскиот император Нарухито, кој наполни 63 години, беше крунисан на 1 мај 2019 година, откако неговиот татко Акихито абдицирал.

Акихито е првиот император кој абдицирал во последните две децении во Јапонија, пренесува Танјуг.