Прв разговор Путин – Зеленски

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Владимир Зеленски и претседателот на Русија Владимир Путин разговараа по телефон за украинските морнари кои минатиот ноември беа приведени во Керчковиот мореуз, соопштуваат од кабинетот на Зеленски.

Loading...

Тоа воедно е првиот разговор на двајцата претседатели откако Зеленски застана на чело на Украина.

Главна тема било ослободувањето на приведените украински морнари. Исто така разговарале и за пуштање на слобода на други Украинци моментално затворени во Русија, се наведува во соопштението кое го пренесува Тас.

Покрај тоа, двајцата претседатели разговарале за понатамошните контакти низ нормандскиот формат.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјавил дека разговорот го барала украинската страна, а дека разговарале и за решавање на конфликтот на југоистокот на Украина.

Фото:Youtube printscreen/Политика сегодня: Россия США Украина

Leave a Reply