Пронајден мистериозен вид на изумрен мајмун

Сподели со своите пријатели

Мистериозен вид на изумрен мајмун, нов за научниците, откриен е во древната кинеска гробница, а научниците сметаат дека луѓето уште во дамнешни времиња ги довеле овие мајмуни до истребување.

Гибонот веќе е изумрен, што укажува на тоа дека луѓето ги истребувале приматите и многу пред модерното доба, пренесува ВВС, наведувајќи дека приматите се во опасност и дека голем број од нив се на работа од исчезнување.

Новиот гибон, наречен Јунзи империали, можел да биде првиот, кој исчезнал како директна полседица на човечките активности, судејќи по заклучоците на научниците од Зоолошкото здружение во Лондон.

– Сите мајмуни во светот, шимпанзите, горилата, органгутаните и гибоните се на раб од изумивање, но досега не било познато дека некои видови исчезнале поради лов или губење на природните живеалишта. Како и да е, оваа откритие на неодамна изумрениот јунзи, менува се и укажува на тоа колку гибоните всушност се ранливи, рекол лидерот на истражувачкиот тим др. Самјуел Турвеј.

Делови од черепот на гибонот се пронајдени во гробница стара 2.300 години во провинцијата Шанки, во централна Кина, заедно со коски на рис, леопард и црн медвед.

Гробницата, а веројатно мајмунот припаѓале на првиот кинески цар Кин Шихуанг Ксији, под чие владеење се направени Кинескиот ѕид и воините од Теракота.

Некогаш се верувало дека гибоните се племенити животни и во Кина биле луксузни миленици.

Компјутерските анализи покажале дека мајмунот, од досега непознат вид гибон, веројатно живеел пред неколку стотина години. Скоро е извесно дека исчезнувањето на овие гибони е доказ за интезивното човечко влијание на природното опркужување, рекла истражувачот професор Хелен Катарје, од Универзитетот во Лондон.

– Историските податоци покажуваат дека човечкиот фактор предизвикал поместување на гибонот на југ, кон нивните сегашни живеалишта, што ги довело до крајниот јужен дел, а појужно ги довело и до истребување, рекла таа.

Гибоните се најмалите мајмуни, а живеат во тропските дождовни шуми во Азија. Познати се по песните кои ги изведуваат додека ловат и способноста да се движат по врвовите на дрјавата со помош на своите долги екстремитети.

Поголемиот дел од гибоните се загрозени со сечата на шумата, лов и илегалната трговија.

Два вида гибони веќе се изумрени во Кина, а Меѓународната унија за зачувување на природата сите преживеани гибони ги има означено како критично загрозени.

Кинескиот гибон хаина е веројатно најреткиот вид во светот – има само 26 преостанати примероци од оваа животно, наведува ВВС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Leave a Reply