Промоција „Тиховање, Тихување“ од Наташа Радосављевиќ Нара во Куманово

Сподели со своите пријатели

Утре (18.10.2022) со почеток во 19 часот во малата сала на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово, ќе се одржи промоција на книгата „Тиховање, Тихување“ од Наташа Радосављевиќ Нара од Србија. Промотор на книгата е Љупка Стојменова.

Loading...

Авторката е родена во Јагодина, завршила колеџ за ликовна и применета уметност во Белград, кадешто денес живее и работи. Освен во областа на ликовната уметност се занимава и со пишување на поезија.

Член е на Здружението на српски писатели, авторка на неколку книги поезија. За своето творештво самата вели „ Испреплетена сликарско-поетска содржина, претставена со нејзиниот специфичен авторски сензибилитет нудејќи и на публиката едно свое видување на светот денес.“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Интегрално соопштение