Продолжена психијатриската евалуација на убиецот на Шинзо Абе

Сподели со своите пријатели

На осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, Техио Јамагами, ќе му биде продолжена психијатриската проценка, соопшти денеска јапонското обвинителство.

Loading...

Оценувањето, кое првично требаше да трае до 29 ноември, е продолжено до 6 февруари, пренесува Ројтерс.

Обвинителите ќе утврдат дали Јамагами ќе биде обвинет за пукањето откако ќе заврши проценката, објавија локалните медиуми.

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе беше застрелан на 8 јули за време на говор во градот Нара и почина во болница веднаш по нападот.

Осомничениот Теџи Јамагами бил уапсен во близина на местото на пукањето, соопшти тогаш полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Земјотрес од 6,3 степени ја погоди Јапонија

Тие изјавија дека осомничениот признал дека го убил поранешниот премиер.

Тој на полицијата и рекол дека користел рачно изработен пиштол.