Две лица се приведени под сомнение дека нападнале едно лице и ограбиле бензинска пумпа пред два дена во Куманово.
Loading...
– На 01.12.2023 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.С.(19) и Д.С.(28), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека на 29.11.2023 на бензинска пумпа на улица „Доне Божинов“ во Куманово физички го нападнале вработениот и со закана му одзеле пари од дневниот промет.
Од СВР Куманово додаваат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски