Приведен криминалец од липковско, осуден на над пет години затворска казна

Сподели со своите пријатели

Триесет и петогидшник од липковското село Никуштак рано утринава бил приведен, откако по него претходно била распишана потерница.

Loading...

– На 22.07.2024 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(35) од село Никуштак, општина Липково, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, тој бил осуден на пет години и седум месеци затворска казна за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, „трговија со луѓе“ по член 418 – а и „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на три години од казната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

– Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна, стои во соопштението.

Никола Ивановски