Прикажана ревијата „Современата мода инсприрана од 50,60 и 70-те години” (галерија)

Сподели со своите пријатели

Модната ревија „Современата мода инспирирана од модните трендови на 50, 60 и 70-те години на 20. век“ во организација на НУ „Музеј на град Куманово“, вчеравечер беше прикажана пред кумановската публика во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”201″]

 

Постарите генерации имаа можност да се вратат во времето на својата младост токму преку овие модни креации.

На ревијата беше презентирана и современата колекција „Славна птица“ на дизајнерите Александар Рашковиќ и Филип Митевски, инспирирана од 50 и 60-те години на минатиот век.

Авторот на проектот, Анита Ѓорѓиевска виш кустос, етнолог во кумановскиот музеј, изјави дека во во 50,60 и 70-те години модата се менувала согласно економските прилики во дадените децении.

– Успешно ја прикажавме модата и трендовите од 50,60 и 70-те години на 20 век, кои биле карактеристчни за градот Куманово. Публиката имаше можност да ги види модните стилови присутни во градот и за миг се вративме во едно подзаборавено време, но сепак останато во сеќавањата на градските семејства, изјави Ѓорѓиевска.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”202″]

 

-Модата од овој период не треба да биде оставена во музејските депоа, туку напротив треба да биде презентирана пред пошироката јавност, изјави Аните Цветановска, директорката на кумановскиот музеј.

Во периодот кој следува оваа модна ревија ќе прикажана во останатите градови во Македонија, а потоа и во Љубљана и во Созопол.