Претседателот на Австрија пуштен од болница

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Австрија, Александeр ван дер Белен денеска е пуштен од болница, а лекарите му наредиле одмор.

Loading...

Ван дер Белен (78) вчера доцна попладне бил донесен во болница, откако бил повреден во планинарска несреќа.

Тој се здоби со повеќе гребнатинки и потрес на мозокот.

Ван дер Белен, како што е објавено на Твитер, се лизнал додека одел по планината Каунеграт во провинцијата Тирол.

Неговото обезбедување го однело во болница, каде што бил прегледан и надгледуван во текот на ноќта.

Од неговиот кабинет беше соопштено дека претседателот е добро, но дека ќе мирува во наредните денови, по препорака на лекарот.

Затоа и ги откажа закажаните состаноци на европскиот форум Алпбах.