Премиерот на Нов Јужен Велс носел нацистичка униформа

Сподели со своите пријатели

Премиерот на австралиската држава Нов Јужен Велс, Доминик Перот (40) призна дека носел нацистичка униформа на неговиот 21 роденден и нагласи дека се извинува за тоа.

Loading...

Тој рече дека тоа е ужасна грешка, направена кога бил „млад и наивен“, објави Би-Би-Си.

На лидерот на државната конзервативна коалиција Пероте му претстојат избори за два месеци.

„Длабоко се срамам од она што го направив. На таа возраст не ја сфатив тежината на тоа што носи таа униформа. Исклучително ми е жал за болката што тоа ќе ја предизвика, особено на членовите на еврејската заедница, преживеаните од Холокаустот, ветераните и нивните семејства“, рече тој на прес-конференцијата, пренесе Танјуг.

Инцидентот се случил во 2003 година, а Пероте истакнал дека не знаел дека има фотографија на која ја носи униформата.

Тој рече дека контактирал со еврејските лидери во Нов Јужен Велс за лично да се извини.

Еврејската заедница на Нов Јужен Велс соопшти дека Пероле изразил „длабоко и искрено жалење“ за неговите постапки пред 20 години.