Премиерот Ковачевски во Куманово за првиот училишен ден

Сподели со своите пријатели

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од 10 часот првиот училишен ден ќе го помине во Државното средно училиште „Киро Бурназ“ во Куманово.

Loading...

Друштво на Ковачевски денеска ќе му прават министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Повод за посетата на државниот врв е промоција на целосната реконструкција на Државното средно училиште и Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ”.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил со автомобил во малолетничка во Скопје