Театар Куманово во малата сала на Центар за култура вчеравечер премиерно ја одигра претставата за деца „Дедо Мраз во веселата шума“.
Претставата е напревена целосно од сопствени финансиски средства и екипа од вработени во театарот.
Претставата е во режијата на актерката Кети Дончевска Илиќ, драматизација на Зоран Зафировски, а играат Владанка Крстевски, Нина Максимова, Марко Трајковиќ и Никица Јанковски.
Сите до сега закажани репризи се до крајот на годината се распродадени, што само го покажува големиот интерес од страна на публиката.
– Доколку се бара некој изведба повеќе, екипата ќе излезе во пресрет на заинтересираните, додаваат од Театар Куманово.
Сценографијата е на Крсто Богојевски. Костимите се на Дарко Илиевски и Нина Максимова.