Предлог-законот на британскиот пратеник Ричард Холден, кој се залага за забрана на бракови меѓу роднини, предизвика контроверзии во парламентот поради потенцијалните негативни последици, при што експертите веруваат дека таквата забрана би била „штетна“, објави Гардијан.
Холден смета дека таквите бракови можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми, бидејќи го зголемуваат ризикот од наследни болести како хемофилија, синдром Коен и мускулна дистрофија.
Сепак, многу експерти веруваат дека забраната би била штетна и може да создаде нови проблеми, како што се загрозување на слободата и создавање социјална стигма, особено меѓу муслиманските заедници, каде што браковите меѓу роднините се вообичаени.
Експертите сметаат и дека забраната за бракови меѓу роднини би довело до поголема поделеност во општеството, наместо да се најде ефективно решение кое ќе го заштити здравјето и правата на луѓето.
Посочуваат дека едукацијата и информирањето за ризиците би биле поефективен пристап во справувањето со ваквите бракови.
Студијата Born in Bradford покажа дека инциденцата на бракови меѓу роднини паднала од 62 проценти на почетокот на студијата на 28 проценти кај мајките под 25 години до 2020 година.
Според студијата, ова е резултат на едукацијата и зголеменото препознавање на важноста од генетско тестирање и советување во здравствените установи, пренесува Танјуг.