Гугл планира да ја подобри функционалноста на своето пребарување со додавање на разговор со вештачка интелигенција.
Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, објави дека технолошкиот гигант планира да додаде функции за разговор базирани на вештачка интелигенција (ВИ) на својот пребарувач.
На овој начин, корисниците ќе можат да одговорат на поширок опсег на прашања за пребарување.
Во интервју за WSJ, Пичаи ги отфрли тврдењата дека растечкото влијание на ChatGPT и сличните чет-ботови го загрозуваат бизнисот на Google.
„Светот, полн со можности е поголем од кога било“, вели Пичаи.
Тој објасни дека корисниците ќе можат да бараат различни работи од четботот на Google во контекст на пребарувањето.
Минатиот месец Google даде пристап до својот четбот Bard, по презентацијата што не ги импресионираше инвеститорите за време на неговото лансирање во февруари.