Познати добитниците на Ноемвриската награда

Сподели со своите пријатели

Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија на Советот на Општина Куманово на денешната прес-конференција ги соопшти годинашните добитници на ноемвриските награди.

Loading...

Претседателката на Комисијата Невена Величковска информираше дека од 34 предлози, комисијата едногласно одлучила да додели награди за пет физички и две правни лица.

Ноемвриска награда на Општината Куманово за 2022 година во вид на диплома и паричен износ ќе му биде доделена на Витомир Митевски, член на Македонската академија на науките и уметностите и раководител на Лексикографскиот центар при МАНУ, за неговата повеќедецениска творечка активност, издавањето на научни трудови од областа на античката култура и филозофија, меѓу кои едицијата во десет книги со заеднички наслов „Античката филозофија и нејзиното влијание”.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривични за седум лица од Куманово: Увезле забранета стока преку Табановце

Награда ќе добие и Синиша Кашавелски, ликовен уметник, член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и на Друштвото на француските уметници, за неговите постигнувања во областа на ликовната уметност, за што сведочат и добиените награди и признанија на многубројните изложби во државата и во странство.

Ноемвриски награди ќе добијат и Зоран Ѓорѓиевски, лекар специјалист по општа хирургија, вработен на хируршкото одделение при ЈЗУ Општа болница – Куманово, Садри Акифи, просветен работник во пензија, за добиените признанија и пофалници од државни институции и невладини и меѓународни организации, а од страна на Сојузот на албанските наставници е избран за еден од најдобрите наставници во Кумановско-липковскиот крај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени пет малолетници кои натепале врсници во Куманово

Награда ќе добие и Сашо Илиевски, правник и професор по физичка култура, вработен во Територијална противпожарна единица Куманово, за афирмацијата на градот и државата при учеството на државни, европски и светски првенства во спортот кикбокс, на коишто тој и кик боксерите чијшто тренер е имаат освоено највисоки медали.

Ноемвриска награда на Општината Куманово за 2022 година, во вид на диплома, ќе добијат и правните субјекти „Кентаур – Импекс” ДООЕЛ Скопје, Подружница „Искра” – Куманово за успешното работење во производствената дејност – изработка и монтажа на челични конструкции и опрема и Трговско друштво за вработување на лица со попреченост „Алфи Би Компани” ДООЕЛ Куманово, за 30-годишното успешно работење во областа на трговијата со бела техника, алати, санитарија, друго за потребите на домаќинствата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градежен работник од Куманово со тешки повреди завршил во болница

За Ноемвриската награда за физичките лица од општинскиот буџет одвоени се вкупно 100.000 денари кои ќе бидат поделени меѓу петте добитници. Ноемвриските награди и благодарниците за кои одлучува градоначалникот ќе бидат доделени на свечена седница на 11 ноември годинава.

Loading...

МИА