Познати добитниците на Нобелова награда за хемија

Сподели со своите пријатели

Научниците Каролин Бертоци, Мортен Мелдал и Бери Шарплес се добитници на Нобеловата награда за хемија за 2022 година, пренесува Ројтерс.

Loading...

Американците Бертоци и Шарплес и Данецот Мелдал беа наградени „за развој на клик хемијата и биоортогонална хемија“.

Шведската кралска академија забележа дека овие научници постигнале „револуција во поврзувањето на молекулите“, според Ројтерс.

Наградата ја додели Кралската шведска академија на науките и е вредна 10 милиони шведски круни (915.072 долари), пренесува Ројтерс.

Нобеловата награда за хемија следи по оние за медицина и физика што беа објавени претходно оваа недела.

Овогодинешната Нобелова награда за медицина му беше доделена на шведскиот генетичар Сванте Пабо, за откритија во областа на изумрените хоминински геноми и човечката еволуција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПОРАЗИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ: Еве во која храна има најмногу пластика!

Нобеловата награда за физика им беше доделена на францускиот професор на Универзитетот во Париз-Сакле и на Политехничкото училиште Ален Аспект, на теоретскиот и експериментален физичар од САД Џон Ф. Клаузер и на Австриецот Антон Цајлингер, професор на Универзитетот во Виена.