Пожарникарите интервенирале на запалена барака во кумановската болница и оџак на семеен дом

Сподели со своите пријатели

Две интервенции завчера бележат кумановските пожарникари во доменот на своето работење.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во 20:15 часот петмина пожарникари со едно противпожарно возило излегле да интервенираат на запалена барака која се наоѓала во кругот на градската Општа Болница Куманово. Гаснењето траело до 21:30 часот.

Нешто подоцна, поточно во 22:10 часот по претходно добиена пријава припадниците на Територијалната противпожарна единица Куамново интервенирале на запален оџак на семеен дом лоциран на улицата „Миле Кипра“. На терен излегле четворица пожарникари со едно возило и интервенцијата ја завршиле во во 23:10 часот.

Во пожарите е причинета материјална штета, која заедно со причините за избувнување допрва треба да се утврдува.

Leave a Reply