Пожар зафати станбена зграда во Манила: Најмалку осум мртви

Сподели со своите пријатели

Најмалку осум лица загинаа, а најмалку едно лице е повредено во пожар во станбена зграда во филипинската престолнина Манила.

Loading...

Пожарот избувна во текот на ноќта и ја уништи трикатната дрвена станбена зграда за помалку од еден час, соопштија локалните власти, пренесува АП.

Во тек е истрага за утврдување на причините за пожарот.

Пожарот избувна само два дена пред почетокот на месецот за спречување пожари, соопшти агенцијата, додавајќи дека многу смртоносни пожари на Филипините се предизвикани од лошото спроведување на безбедносните прописи, пренатрупаноста и лошиот дизајн на зградите.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Минхен откажани голем број летови поради штрајк на аеродромот