Пожар во дом за стари во Милано: Шест лица загинаа, 70 повредени

Сподели со своите пријатели

Шест лица ги загубија животите, а околу 70 се повредени во пожар што во текот на ноќта избувна во дом за стари лица во Милано, соопштија во петокот италијанските служби за итни случаи.

Loading...

Лука Кари, портпарол на националната противпожарна служба, го потврди билансот на загинатите, додавајќи дека тројца од повредените се во критична состојба, 15 со сериозни, но не опасни по живот повреди, додека 50 лица се здобиле со полесни повреди.

Тој рече и дека пожарот е изгаснат, а започната е и истрага за причините за пожарот.

Градоначалникот на Милано Џузепе Сала изјави дека пожарот бил изгаснат многу брзо, но потоа бил испуштен отровен чад.

Според медиумите, пожарот избувнал во четвртокот нешто пред полноќ во дом за стари лица во југоисточниот милански кварт Корвето.