Пожар пеплоса куќа кај Стара црква во Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што информира службата на ТППЕ Куманово, во текот на изминатиот ден, поточно после 20 часот, пријавен е пожар на кровна конструкација и горен кат од семејна куќа, лоцирана во близина на Старата Црква во Куманово во тесното градско подрачје.

Loading...

Во гасењето на пожарот учествувале седум пожарникари со две противпожарни возила.

Според надлежните, пожарот е ставен под контрола,  без повредени лица, но причинета е поголема материјална штета.

Причината за пожарот не е позната.