Потпреседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА Генерал Павле Арсоски, на средба со сопартијците, членовите, симпатизерите и граѓаните од општина Демир Хисар истакна: „На локалните избори носиме енергија и одговорност!“
Во Општинската организација на ЗНАМ во Демир Хисар одржан е работен состанок на членовите и симпатизерите со преставници од раководството на партијата Движење ЗНАМ -ЗА НАША МАКЕДОНИЈА:
– Генерал Павле Арсоски – Потпретседател на ЗНАМ и пратеник во Собранието,
– Виктор Јовановски – Член на ИО,
– Никола Мемов – Директор на центарот за комуникации и аналитика на ЗНАМ /Директор на Фондот за ПИОМ,
– Јасмина Петковска – Член на ИО,
– Радослав Настасијевиќ Варџиски – Заменик министер за дигитална трансформација,
– Мирослав Лабудовиќ – Заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини.
Средбата беше дел од теренските активности во рамки на кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“, насочена кон дијалог со граѓаните и претставување на програмските приоритети на ЗНАМ на локално ниво.
Арсоски порача дека ЗНАМ излегува на локалните избори со јасна визија и силна волја за промени во секоја општина: „Време е за одговорни и транспарентни локални власти кои ќе работат за граѓаните. Ќе ја вратиме довербата во институциите со чесни луѓе и реални проекти”.
На средбата беа истакнати неколку клучни поенти на ЗНАМ за локалната самоуправа:
* Прекин со партиското влијание во општините – вработувања и тендери без политички диктат.
* Реални проекти според потребите на граѓаните
* Отворени општини – со учество на граѓаните во креирање на буџетите и локалните политики.
* Млади кадри и нови лица – кои ќе внесат енергија, знаење и нова политичка култура.
Арсоски истакна дека во Демир Хисар и низ целата држава ќе понудат луѓе што живеат со проблемите на граѓаните и знаат како да ги решат. Локалната власт мора да биде поблиску до народот. Демир Хисар и Македонија заслужуваат поинаква приказна.
Присутните изразија поддршка и ентузијазам, со надеж дека ЗНАМ ќе донесе вистинска промена на локално ниво.