Потпишан договор за внатрешно уредување на Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово и директорот на Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа денеска потпишаа договор со које ќе се реализира проектот за внатрешно уредување на спортската сала во Куманово.

Loading...

 

 

– Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој за 2021. и 2022 година, денеска потпишав Договор со директорот на Бирото за регионален развој- Министерство за локална самоуправа, Рамиз Реџепи за реализација на проектот “Внатрешно уредување на спортската сала во Куманово”, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Loading...

Инаку веќе е во тек постапката за замена на кровната конструкција на објектот за чија цел ќе бидат потрошени 320.000 евра, средства обезбедени преку проект на Свероисточниот плански регион (СИПР).

 

 

Со замена на кровната конструкција ќе се создадат услови за доуредување и враќање на спортскиот живот во салата.

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply