Последните пет повредени припадници на полицијата пуштени дома

Сподели со своите пријатели

На домашно лекување денеска се пуштени и последните пет припадници на полицијата кои беа хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“ поради повреди добиени во минатонеделната полициска акција во Куманово, информираат од болницата.

Loading...

Во ГОБ „8 Септември“ беа хоспитализирани вкупно девет повредени полицајци.

Во Ургентниот центар во Скопје, пак, каде што беа хоспитализирани 20 повредени полицајци, на лекување се останати уште осуммина, а другите во изминатите денови се пуштени на домашно лекување.

Leave a Reply